Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ѓорчев за одбиените оставки: Заев и Филипче одбраа да паднат заедно

(Видео) Ѓорчев за одбиените оставки: Заев и Филипче одбраа да паднат заедно

Денеска повторно видовме дека власта нема чувство и нема жал за 14 луѓе живи изгорени во ковид-болницата во Тетово, обвини на прес-конференција, Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, откако попладнево премиерот Зоран Заев одби да ги прифати понудените оставки на министерот и заменик-министерот за здравство.

„Наместо пристојност и етика, СДСМ и ДУИ решија да ја спасуваат коалицијата. Четиринаесет луѓе живи изгореа во пластичниот киоск на Зоран Заев и Венко Филипче. Четиринаесет семејства се во црнина поради нивната неодговорност, поради нивниот срам и брука, поради тоа ужасно, смртоносно профитерство“, нагласи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој воено додаде дека ваквата разврска на настаните значи дека Зоран Заев и Венко Филипче одбрале да паднат заедно.

„Народот е револтиран, овој срам и брука во Македонија ќе заврши. А оние кои што се виновни ќе одговараат“, порача Ѓорчев.

Можете да прочитате

Лиценците за работа во градинките повторно активни по двегодишната блокада

Ахмети: Заедно го изменивме уставот и го усвоивме нормативниот дел од Охридскиот договор

Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните