Утрински Весник
Македонија

Арсовска: Ќе поднесам изјава во Антикорупциска дека четири години нема да ми се менува имотната состојба

Арсовска: Ќе поднесам изјава во Антикорупциска дека четири години нема да ми се менува имотната состојба

Денеска на прес-конференцијата посветена на тема корупција, независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, изјави дека како дел од нејзината борба против корупцијата, првиот ден кога ќе биде на функција ќе депонира изјава во Антикорупциската комисија.

„Во изјавата до Антикорупциска комисија ќе стои дека мојата имотна состојба и на моето поблиско семејство нема да се менува во сите 4 години од мандатот. Ги повикувам сите други кандидати да се обврзат дека ќе го сторат истото. Само со вакви заложби ќе се избориме против корупцијата“, порача Арсовска.

Можете да прочитате

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов

МВР со апел до родителите и јавноста: Заштитете ги децата од групата „764“

Мециновиќ: Имаме влада крвник на сопствениот народ, три години не ја зголемува минималната плата и ја штити олигархијата