Утрински Весник
Магазин

(Видео) „Сега или Никогаш” нов сингл на бендот Fiction

(Видео) „Сега или Никогаш” нов сингл на бендот Fiction

„Сега или Никогаш” е најновиот сингл на бендот Fiction. Песната, која бендот ја издаде со видео запис, е инспирирана од New Wave и synth-pop звукот на 80тите години на 20тиот век, од артисти како Depeche Mode, Duran Duran, Tears for Fears и The Police. Истата е продолжение на приказната која бендот ја започна со својот претходен сингл „Дали Знае”.

Автор на музиката и текстот е гитаристот на бендот, Виктор Захариев, кој стои и зад аудио продукцијата, додека зад аранжманот се потпишува целиот бенд. Видеото е дело на режисерот Јован Саркањац, сработено во соработка со Сара Панковска и Мило Горгиевска. Миксот и мастерот се дело на Виктор Георгиевски, додека за графичкиот дизајн се погрижи Катерина Даниловска.

Fiction е рок бенд од Скопје составен од: Петар Ѓуревски – вокал, Виктор Захариев – гитара и вокал, Филип Андонов – бас гитара и Теодор Теодосиев.

Можете да прочитате

Почина проф. д-р Самир Салиевски

Почина професорот д-р Самир Салиевски

Северна Македонија – нова туристичка ѕвезда во 2026 година