Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

„Очајно и конфузно“

„Очајно и конфузно“
300x250 opst2

Реал Мадрид, вчера, го доживеа првиот пораз во Примера. Карло Анчелоти рекол дека неговите фудбалерите делувале очајно на теренот против Еспањол.

Еспањол го надигра Реал, победи со головите на Де Томас и Алеиш Видал. Голот за реал го постигна Бензема.

„Бевме очајни. Го заслуживме поразот. Реакцијата дојде премногу доцна. Нема што да се каже. Конфузија, така најдобро може да се опише нашата игра против Еспањол“, рекол тренерот Анчелоти.

Поразот од Еспањол е втор за Реал во само неколку дена. Во средата, Реал сензационално загубија од Шериф, во Лигата на шампионите.

„Репрезентативната пауза доаѓа во вистински момент. Мораме да видиме каде грешиме, мораме да имаме поинаков пристап“, заклучил искусниот тренер.

Реал, по осум кола, заедно со Атлетико и Реал Сосиедад ја предводи табелата во Примера.

> „Очајно и конфузно“ <

Можете да прочитате

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води