Утрински Весник
Спорт

Мугуруза со неверојатен камбек до титулата од Чикаго

Мугуруза со неверојатен камбек до титулата од Чикаго

Поранешната гренд слем шампионка, Шпанката Гарбиње Мугуруза е шампионка од ВТА 500 турнирот во Чикаго, откако во неизвесен меч се врати од еден сет негатива за 3:6/6:3/6:0 победа над Тунижанката Онс Жабер.

Мугуруза до својата втора титула оваа сезона и деветта во кариерата стигна на потешкиот начин – прво го загуби првиот сет со 3:6, а откако израмни на 1:1 во сетови, мечот беше прекинат речиси цел час поради дожд во Илиноис. Кога двете тенисерки се вратија на теренот, Мугуруза почна фантастично и не дозволи Жабер да се врати во ритам за нова титула.

Со победата, Мугуруза се искачи на шестото место во трката за ВТА финалето.

> Мугуруза со неверојатен камбек до титулата од Чикаго <

Можете да прочитате

ФИФА може да ги одложи баражите за СП 2026 година во Мексико поради немирите во земјата

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација! 

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали