Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Монтреал се урна авион со транспарент: „Ќе се омажиш ли за мене?“ – еден загинат и еден повреден

(Видео) Во Монтреал се урна авион со транспарент: „Ќе се омажиш ли за мене?“ – еден загинат и еден повреден

Едно лице загина, а друго е повредено кога мал авион со транспарент „Дали ќе се омажиш за мене?“ се урна во канадскиот град Монтреал.

Според „Си-Ти-Ви њуз“, авион „Цесна 172“ се урнал недалеку од местото каде што се одржувал музички фестивал.

Полицијата соопшти дека едно лице загинало, а друго е пренесено во болница.

Портпаролот на канадскиот комитет за безбедност во сообраќајот изјави дека тимот на Комитетот ќе испита како се случила несреќата.

„Ла Преше“ известува дека авионот припаѓал на рекламна компанија.

Можете да прочитате

Франција во затворите има над 90.000 осудени лица

18-годишник со автомобил се заби во навивачи во Австралија, 10 повредени

Големи поплави во Шпанија, има и загинати