Утрински Весник
Македонија

Казнети 202 возачи во Скопје, од кои 65 за брзо возење

Казнети 202 возачи во Скопје, од кои 65 за брзо возење

Полицијата вчера казни 202 возачи во Скопје, од кои 65 за брзо возење, информира Министерството за внатрешни работи.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65, 24 за возење под дејство на алкохол, 11 за возење без возачка дозвола. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, 15 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 52 за непрописно паркирање“, велат од МВР.

Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Можете да прочитате

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“: Безбедноста мора да биде пред адреналинот – наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига

Мицкоски: Преносот на останките на Цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев

Полицијата уапси 12 возачи во последните 24 часа