Утрински Весник
Свет

Талибанците прекинаа протест на млади авганистанки кои бараат право на образование

Талибанците прекинаа протест на млади авганистанки кои бараат право на образование

Талибанците пукаа во воздух и го прекинаа протестот на шест млади авганистанки кои побараа да се почитува нивното право на образование, објавија новинските агенции.

Жените се собраа пред женското средно училиште во источниот дел на Кабул и истакнаа транспарент на кој пишуваше „Не политизирај го образованието!“.

Околу 10 вооружени талибанци интервенираа и ги турнаа девојките кон вратата на училиштето. Другите се обиделе да ги спречат странските новинари да го снимаат инцидентот.

Демонстрантите се засолниле во училиштето, а Талибанците се обидувале на снимателите и фотографите да им ги одземат камерите.

Новата талибанска влада во Авганистан ги забрани сите демонстрации во земјата на 8 септември.

Талибанците денеска побараа од нивните борци да ги напуштат приватните куќи што ги заземаа за време на освојувањето на земјата минатиот месец, а наредбата на премиерот Хасан Акунд подразбира дека членовите на безбедносните агенции на групата мора да живеат во воени бази низ Авганистан.

Во последните недели Талибанците ги заменија нивните традиционални цивилни одела со воени униформи за да создадат чувство за поголема власт.

Можете да прочитате

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“