Утрински Весник
Свет

11-годишно дете во Германија спречило трагедија откако на таткото му се слошило додека возел

11-годишно дете во Германија спречило трагедија откако на таткото му се слошило додека возел

11-годишното момче во Германија спречило трагедијата со неговата извонредна храброст и брза реакција откако на неговиот татко му се слошило додека возел на автопат, пишува магазинот „Феникс“.

На таткото (43) му се слошило додека возел на автопатот А66 кај Шлахтерн во Хесен, соопшти полицијата.

„Човекот бил во автомобилот со својот син во неделата околу 18 часот кога му се слошило додека возеле меѓу Шлахтерн Норд и Шлахтерн Сед. Ја загубил контролата врз возилото, влегол во левата коловозна лента, удрил во оградата и се судрил со друг автомобил”, пренесоа од полиција.

Според сознанијата на магазинот „Феникс“, добиени од полициски извори, неговиот син на совозачкото седиште успеал да го фати воланот и да го запре возилото на помошната лента.

Набргу потоа пристигнала брза помош и го пренела татко му во болница.

Штетата се проценува на околу 4.000 евра, а храброста на момчето ја пофалил и полицискиот портпарол.

Тој изјавил дека момчето храбро спречило тешка сообраќајна несреќа.

„Таткото може да биде среќен што ќе има таков храбар син“, рече портпаролот на полицијата, без да каже каков напад имал таткото.

Можете да прочитате

Македонец и двајца Срби убиени во Боливија: Телата биле спакувани во црни ќеси

Воз излета од шините во забавен парк во Британија, повредени 13 деца (ВИДЕО)

Први фотографии од телата завиткани во црни кеси по убиството во Боливија – 4 лица се уапсени