Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Арсовска: 250 нови еколошки автобуси – решение за подобрување на јавниот превоз и намалено загадување

Арсовска: 250 нови еколошки автобуси – решение за подобрување на јавниот превоз и намалено загадување
300x250 opst2

Обезбедување на 250 нови еколошки автобуси и бесплатен јавен превоз како решение на повеќе проблеми на Скопје, како средување на сообраќајниот хаос, намалување на загадувањето и подостапен јавен превоз за граѓаните, е еден од клучните проекти на независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска.

На денешната прес конференција, Арсовска продолжи со детално претставување на проекти од нејзината програма. Со 250 нови еколошки автобуси Арсовска планира да го реши сообраќајниот хаос и да се обезбеди подобра и побрза поврзаност во градот.

„Скопје има егзистенцијални проблеми кои мора да ги решаваме. Мора да имаме брзи и сигурни проекти што ќе го направат Скопје подобро место за живеење. Бидејќи сите сме сведоци на нечисти автобуси во јавниот превоз за кои никој не води грижа и кои не се водат според возниот ред. И токму јавниот превоз е еден од најголемите проблеми на нашиот град. Јавниот превоз не е само проблем сам за себе. Тоа што тој е нефункционален, нередовен и скап, создава сериозна потреба граѓаните да ги користат исклучиво своите возила. Тоа создава дополнителен проблем, односно преоптеретување на градските улици. На Скопје му требаат брзи и сигурни решенија. А решение е набавка на нови 250 еколошки автобуси, дел на електрично напојување, дел на природен енергенс. Ова ќе чини далеку поевтино од секакви големи проекти а ќе значи решавање на децениски проблем во Скопје“, изјави Арсовска.

Според неа, со реализација на овој проект ќе се намали загадувањето, односно истото ќе биде еднакво на нула. Скопје и скопјани ќе добијат сигурен и брз транспорт, без притоа да се изгуби зеленилото на градот, без поместување мостови, без мегаломански утописки проекти.

Арсовска најави реализација на овој проект со поддршка од меѓународните институции, кои за вакви и слични проекти даваат сериозна поддршка на многу други европски градови.

Можете да прочитате

Фазлиу: Вреди поднесе иницијатива до Антикорупциската комисија за тендерите на „Ас Сењак“

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што секоја фирма може да добие тендер говори дека институциите се слободни, а постапките транспарентни, а не наместени како со СДС

Николоски: Наскоро ќе биде избран изведувач за изградба на автопатот Кичево – Букојчани