Утрински Весник
Македонија

Лажен геометар од Скопје преку измама стекнал околу 50.000 евра

Лажен геометар од Скопје преку измама  стекнал околу 50.000 евра

Полицијата сомничи 50-годишен скопјанец за кривично дело измама.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, казниво по Кривичниот законик, СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Чаир поднесе кривична пријава против Н.М.(50) од Скопје.

Тој од почетокот на 2019 до април 2021 година, со намера да се стекне противправна имотна корист, го довел во заблуда М.М., лажно претставувaјќи се дека работи како геометар и лажно ветувајќи му дека за сума од 3.161.100 денари ќе му овозможи по легален пат да добие државно земјиште на користење, со можност потоа истотото да биде откупено.

Оштетениот му ги дал парите, но откако разбрал дека Н.М. не е геометар и не може да го реализира ветеното, сфатил дека е измамен и го пријавил случајот.

Можете да прочитате

Претседателката Сиљановска-Давкова на одбележување на Богојавление – Водици во Охрид и во Струга

Блокирал врата и ја претепал баба си – 28-годишник осомничен за обид за убиство

Филипче: Владата не сака реформи за ЕУ, само бизниси за мала група блиска до ВМРО