Утрински Весник
Свет

(Видео) Вулканот во Шпанија не се смирува 10 дена

(Видео) Вулканот во Шпанија не се смирува 10 дена

Лавата од вулканот што еруптираше на Канарските острови во Шпанија се движи побрзо кон морето и сега се наоѓа на околу 800 метри од брегот.

Додека едната од двете реки лава забави на островот Ла Палма, другата, потопла и потечна, тече низ градот Тодокуе, од каде беа евакуирани сите жители, објави службата за итни случаи на Канарските острови.

Официјалните лица со денови чекаат лавата да стигне до Атлантскиот Океан. По вчерашното смирување на вулканската активност, интензитетот на вулканската активност повторно се зголеми преку ноќ. Кога лавата доаѓа во контакт со морска вода, можна е експлозивна реакција и ослободување на токсични гасови.

Островот Ла Палма, со околу 85 илјади жители, е долг 35 километри и широк 20 километри, а вулканската лава уништи 589 згради и 21 километар патишта. Вулканот еруптира на 19 септември.

Благодарение на брзата евакуација, не се регистрирани смртни случаи или сериозни повреди. Вулканот досега исфрлил повеќе од 46 милиони кубни метри стопена карпа, се вели во извештајот на Институтот за вулканологија на Канарските острови.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот