Утрински Весник
Свет

Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета кон отворено море

Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета кон отворено море

Северна Кореја утрово лансираше неидентификувана ракета кон отвореното море долж нејзиниот источен брег, соопшти јужнокорејската војска, среде апелите од Пјонгјанг до САД и Јужна Кореја да ја прекинат својата „непријателска политика“.

Јужнокорејската армија не даде детална изјава, но јапонското министерство за одбрана објави дека станува збор за балистичка ракета, без дополнителни објаснувања.

Изјавата дојде непосредно пред амбасадорот на Северна Кореја во Обединетите нации да ги повика САД да се откажат од непријателската политика кон Пјонгјанг, со порака дека никој не може да го оспори правото на неговата земја за самоодбрана и тестирање на оружје.

Северна Кореја ги обвини Сеул и Вашингтон за „двојни стандарди“ и го осуди развојот на оружје со продолжување на сопствените воени активности.

Во средината на септември, и Северна и Јужна Кореја ги тестираа своите балистички ракети, продолжувајќи ја трката за вооружување и правејќи пософистицирано оружје.

Можете да прочитате

Единаесет загинати и 130 повредени лица во експлозија во фабрика во рускиот регион Рјазан

Заедничка изјава на лидерите од ЕУ: Следниот чекор е самит Путин-Трамп-Зеленски

Медведев: Средбата покажа дека преговори се можни без никакви предуслови