Утрински Весник
Свет

Амбасадорот на Авганистан во ОН се откажа од обраќањето пред светските лидери

Амбасадорот на Авганистан во ОН се откажа од обраќањето пред светските лидери

Амбасадорот на Авганистан во Обединетите нации се откажа од обраќањето пред светските лидери на Генералното собрание, изјави портпаролот на ОН.

Гулам Исакаи, кој ја претставуваше својата земја под претседателство на Ашраф Гани, требаше да им се спротивстави на талибанците со говор, но неговото име денеска беше отстрането од списокот на говорници.

Талибанците минатата недела напишаа писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, барајќи да му се дозволи учество на новиот министер за надворешни работи, Амир Кан Мутаки. Во писмото напишаа дека Исакаи повеќе не го претставува Авганистан во светската организација, а талибанците го номинирале својот портпарол од Доха Сухаил Шахин за постојан претставник на Авганистан во Обединетите нации.

ОН се уште го смета Исакаи за шеф на авганистанската мисија.

Можете да прочитате

Федоров: Украина полека ја губи војната, има уште неколку месеци за пресврт

Трамп: Ормуска Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците