Утрински Весник
Македонија

Во Глумово приведен дилер кој треба да издржи двегодишна затворска казна

Во Глумово приведен дилер кој треба да издржи двегодишна затворска казна

Во скопското село Глумово, интервентната полиција денеска, врз основа на судска наредба, го привела Б.Љ.(37) за издржување казна затвор од две години.

Како што информираат од МВР, 37-годишникот е осуден за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Тој веднаш ќе биде предаден на казнено поправната установа во која треба да ја издржува казната.

Можете да прочитате

Муцунски во Доха: Потврдена заедничката определба за продлабочување на политичката и економската соработка меѓу Македонија и Катар

15-годишник од Велес украл автомобил, удрил во бетонски ѕид и избегал

Претрес кај 63-годишник – Пронајдени 116 грама хашиш