Утрински Весник
Свет

ЕУ ги очекува Вучиќ и Курти на преговори во Брисел до крајот на неделава

ЕУ ги очекува Вучиќ и Курти на преговори во Брисел до крајот на неделава
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

ЕУ интензивно работи на организирање на состанок на претставници на Белград и Приштина во Брисел, на кој ќе се разговара за ситуацијата во северно Косово и враќањето на слободата на движење, а средбата може да се одржи до крајот на неделава, дознава агенцијата „Танјуг“ од извори во Брисел.

Дипломатските кругови во Брисел велат дека и натаму се водат преговори со Белград и Приштина во врска со доаѓањето на делегации во Брисел, но не исклучуваат дека средбата би можела да се одржи кон крајот на оваа недела, јави агенцијата.

Во исто време, пристигнувањето во Брисел на американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, беше потврдено за неделава, со една тема на дневен ред – ситуацијата во Косово и Метохија.

Европската унија постојано повторува дека дијалогот во Брисел е единствениот начин за решавање на актуелната криза на Косово, како и сите други отворени прашања, а шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, објави дека за ситуацијата на северот на Косово и слободното движење ќе се разговара во наредните денови во Брисел од страна на главните преговарачи на Белград и Приштина.

„Двата главни преговарачи кои доаѓаат во Брисел во наредните денови се првиот позитивен чекор. Клучно е тие да дојдат со мандат да разговараат за понатамошниот пат и да најдат одржливи решенија што се во интерес на граѓаните“, посочи Борел во писмена изјава.

Се шпекулира дека состанокот во Брисел може да се случи по посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која ќе разговара со лидерите во Белград и Приштина на 29 септември.

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони