Утрински Весник
Свет

Отпуштени 25 наставници во Австрија, одбивале да носат маски и да се тестираат за коронавирус

Отпуштени 25 наставници во Австрија, одбивале да носат маски и да се тестираат за коронавирус
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Австрија, од почетокот на пандемијата, се отпуштени 25 наставници затоа што одбивале да ги почитуваат мерките за Ковид-19.

Тие според натписите во австриските медиуми, не сакале да носат маски, ниту да бидат тестирани и одбивале да ги надгледуваат учениците за време на тестирањето. Најголем број отпуштања имало во Долна Австрија, каде што осум наставници биле отпуштени.

Во Виена, биле отпуштени пет наставници, исто колку и во малата провинција Ворарлберг.

Во Горна Австрија, тројца наставници беа отпуштени затоа што не сакаа да носат маска за време на часовите, велат тамошните власти.

Во Стирија, Салцбург и Каринтија, еден наставник беше отпуштен, а еден од нив одлучи да оди и на суд.

Само во Бургенланд и Тирол немаше отпуштања на наставници поради непочитување на мерките.

Сепак, властите во Тирол додаваат дека тоа не значи дека нема отпор против корона-мерките во училиштата.

Училиштата се обидоа да постигнат решение преку лични разговори со наставниците кои ги одбија корона-мерките, а во поединечни случаи, во кои тоа не беше можно, беше спроведено суспендирање.

Можете да прочитате

16 загинати во дом за стари лица во Индонезија

ЕДНО ПРАШАЊЕ ОСТАНА НЕРЕШЕНО: Трамп и Зеленски блиску до договор за Украина

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно