Утрински Весник
Македонија

СДСМ реагира на обвинувањата за Шилегов: „ВМРО-ДПМНЕ конструираат случаи за да го ублажат поразот на изборите“

„ВМРО-ДПМНЕ не престанува да конструира случаи за градоначалникот Петре Шилегов со што само го потврдува стравот од извесниот пораз на претстојните локални избори.

Може ВМРО-ДПМНЕ да пласира нецелосни и фабрикувани документи, да се обидува да врши притисок врз обвинителството но ниту тоа нема да ги спаси од седмиот изборен пораз по ред.

Граѓаните гледаат дека понудата на ВМРО-ДПМНЕ за овие избори е понуда на кадри на Груевски и лица осомничени и осудени за сторени кривични дела, дека тоа е понуда осудена на пораз, па затоа секојдневно шират лажни вести во обид да го ублажат поразот“.

Соопштение на СДСМ

Можете да прочитате

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци

Сиљановска Давкова – Мацинка: Европската интеграција на Западниот Балкан е не само политичко, туку и европско безбедносно прашање

Кривична пријава против тројца скопјани за „насилство“ и „изнуда“