Утрински Весник
Македонија

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток
Dik 300x250 mk

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се самопопишани 195.477 граѓани од дијаспората.

Од денеска, граѓаните ќе можат да отидат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност. Тоа се однесува на лицата кои во изминатите 20 дена не успеале да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивиниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноставно не бил воспоставен контакт.

Контактите за секоја општина ќе бидат објавени попладнево на веб-страницата https://popis2021.stat.gov.mk/.

Пописот на населението почна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Можете да прочитате

Битиќи: Европа бара резултати, не националистички приказни!

Поетска вечер „ЕУРОМОНД 21“ по повод Светскиот ден на ромскиот јазик

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми