Утрински Весник
Свет

Италија даде препорака дека бремените жени можат да се вакцинираат

Италија даде препорака дека бремените жени можат да се вакцинираат

Италијанскиот Национален институт за здравство препорачува бремените жени да се вакцинираат против Ковид -19 после првите три месеци од бременоста.

Во соопштението се наведува дека на жените им се препорачува да примаат две вакцини во вториот и третиот триместар од бременоста.

Според соопштението, одлуката е донесена бидејќи има се повеќе докази за безбедноста на вакцините за време на бременоста, и за фетусот и за мајката.

„ Жените кои сакаат да се вакцинираат во првиот триместар треба да направат проценка на ризик и придобивки кај лекар“ – се посочува во соопштението, при што се укажува на повишена температура, што е една од можните реакции на вакцината и може да предизвика ризик од деформитат кај плодот.

Жените кои дојат можат да се вакцинираат, а новороденчињата можат безбедно да апсорбираат антитела преку млекото.

Голем број држави издадоа препорака оваа година дека бремените жени можат да се вакцинираат против Ковид-19, откако се утврди дека вакцините се безбедни.

Можете да прочитате

Демонстрации во Израел за итен договор за заложниците, се обрати Хилари Клинтон

Саливан во Саудиска Арабија, со престолонаследникот Бин Салман разговараа за војната во Газа

Протест на британските плажи поради загаденоста на водата