Утрински Весник
Спорт

Куман: Мојата судбина е во рацете на претседателот Лапорта

Куман: Мојата судбина е во рацете на претседателот Лапорта

Роналд Куман не сакал да го коментира својот статус во Барселона. По мечот со Кадиз (0:0), Холанѓанецот на новинарите им рекол дека неговата судбина е во рацете на претседателот Џоан Лапорта.

„Не сакам да го анализирам мојот статус. Сакамд а зборувам за тимот, за неговото сјајно однесување и посветеност. Каква е мојата иднина? Не знам, пред малку се видов со претседателот и се поздравив со него. Веројатно ќе разговараме наредните денови, секако доколку сака да разговара“, рекол Куман.

Холанѓанецот во 96.минута доби црвен картон, што значи дека нема да го води тимот, во сабота против Леванте.

> Куман: Мојата судбина е во рацете на претседателот Лапорта <

Можете да прочитате

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска

Синер откажа уште еден турнир

Македонските репрезентативци пред нов предизвик – Шкотска гостува во Скопје