Утрински Весник
Магазин

И добра храна, и добри филмови: Почна Food Film Festival во Загреб

И добра храна, и добри филмови: Почна Food Film Festival во Загреб

Загреб е домаќин на филмско-гастрономски фестивал од 24 септември до 3 октомври, убава вест за љубителите на добра храна и филмска уметност.

Омилениот фестивал на храна и филм Zagreb Food Film Festival by CocaCola се враќа во главниот град на Хрватска на самиот почеток на есента. Во текот на 10-дневниот настан, постителите можат да уживаат во гледање филмови, улична храна со потпис на омилените локални ресторани и пикник на трева.

Посетителите ќе имаат можност да се опуштат со филмови под ѕвездено небо за време на вечерните проекции, а исто така, ќе има голем избор јадење од најдобрите и најкреативните загрепски ресторани, бистроа, слаткарници и продавници за вино.

Фестивалот ја менува својата стара позната адреса и добива нова локација. Имено, се чини дека по фестивалот Бургер, плоштадот „Д-р Фрањо Туџман“ станува нов градски хотспот за разни забавни настани и фестивали, и многу успешно ја презема титулата центар на градските настани.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои никогаш не се задоволни, секогаш бараат „повеќе“

Како правилно да ги перете патиките во машина без да ги оштетите

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“