Утрински Весник
Свет

Од ноември можен влез во САД за странци кои се вакцинирани

Од ноември можен влез во САД за странци кои се вакцинирани

САД повторно во ноември ќе дозволат влез на патници од Кина, Индија, Велика Британија и многу европски земји, кои примиле втора доза од вакцина против ковид, објави денеска Белата куќа.

Одлуката, објавена од координаторот на Белата куќа за борба против коронавирусот, Џеф Зајентс, претставува ненадеен пресврт во политиката на администрацијата на Бајден, која минатата недела соопшти дека се уште не е време за укинување на кои било мерки, објави „Ројтерс“.

Мерките спречија десетици илјади странци да дојдат во САД за да ги видат членовите на семејството, а деловните патувања исто така беа драстично намалени.

Забраните за влез за не-американски државјани за прв пат беа воведени за патници од Кина во јануари 2020 година, под мандат на Доналд Трамп, а потоа забраните беа проширени и во други земји во наредните месеци.

САД ќе прифатат целосно вакцинирани патници од Шенген зоната, како и од Велика Британија, Ирска, Кина, Индија, Јужна Африка, Иран и Бразил.

Американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ќе одлучат кои вакцини ќе бидат прифатени за влез во земјата. Странците ќе мора да достават доказ за вакцинација пред патувањето и нема да мора да одат во карантин по пристигнувањето.

Можете да прочитате

На Украина ѝ се потребни од 500 до 700 милијарди долари за одржување на армијата, тврдат двајца нејзини министри во Давос

Маурициус тврди дека неговиот суверенитет над архипелагот Чагос е признат со меѓународното право

Лавров: Велика Британија повеќе не треба да го користи називот Велика