Утрински Весник
Македонија

Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ преку своите коалициски партнери се обидува да ги закочи измените за недела неработен ден

Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ преку своите коалициски партнери се обидува да ги закочи измените за недела неработен ден

ВМРО-ДПМНЕ преку своите коалициски партнери-Алијанса и Алтернатива се обидува да ги закочи измените за недела неработен ден, изјави на прес-конференција, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

Рече дека петседателот на Комисијата за труд и социјална политика од редовите на Алијанса-Алтернатива, Хусни Исмаили, упорно не закажува седница на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за работни односи, со кои недела станува ден за одмор за сите работници.

Лазаревска потсети дека овие измени на сила треба да стапат на први октомври, и обвини дека денеска, на десет дена пред тоj датум, опозицијата во Собранието се обидува да ги спречи.

„Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, секогаш кога во Собранието треба да се носат закони кои се во корист на граѓаните, оваа партија на секој начин се обидува да ги блокира и закочи. Овој пат тоа очигледно го прави преку своите коалициски партнери“, рече Лазаревска.

Според неа, лицемерниот и неодговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните е одамна прочитан и препознаен, па затоа на изборите ги очекува пораз.

Можете да прочитате

ЗНМ и СЕММ: Новинарите имаат одговорност да известуваат професионално и етички во сензитивни ситуации

Јанев: Полицијата е партнер на граѓаните, обврска и задача е да им служи а не да владее

ВМРО-ДПМНЕ: Разбирлива е реакцијата на ДУИ за интерпелација на Тошковски, бидејќи сценарието за насилство и меѓуетнички тензии им е откриено