Утрински Весник
Македонија

Приведен маж кој украл пари од црква

Приведен маж кој украл пари од црква

Полицијата приведе 42-годишен маж од гостиварско Врапчиште, поради тешка кражба во црквата Свети Петар во Долна Бањица.

„Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 42-годишниот Н.А. од гостиварско Врапчиште поради сомнение дека во периодот 18/19 септември извршил тешка кражба во црквата „Свети Петар“ во гостиварска Долна Бањица, при што одзел пари. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар“, информираат од МВР во дневниот билтен.

Мажот е задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и во текот на денешниот ден со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија.

Можете да прочитате

Николоски: Започнуваме со најкрупната реформа – имплементација на новиот Национален едношалтерски систем

Лишена од слобода велешанка поради „обид за убиство“ врз вонбрачниот сопруг

ВМРО-ДПМНЕ: Младите се врвен приоритет на Владата, образованието добива рекордни инвестиции и поголем буџет за поддршка на младите