Утрински Весник
Македонија

Казнети 86 возачи на мотоцикли, 18 возеле без возачка дозвола

Казнети 86 возачи на мотоцикли, 18 возеле без возачка дозвола

Во текот на вчерашниот ден спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 86 возачи, соопшти полицијата.

Од нив, 18 возеле без возачка дозвола, 51 возач не користеле заштитна кацига за време на возење, шест мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и за други прекршоци.

Од МВР најавија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можете да прочитате

Излегол од домот во Кисела Вода и му се губи трагата – се бара Трајан

Комбе се запали во Кисела Вода

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари