Утрински Весник
Спорт

Меси одби да се ракува со тренерот Покетино

Меси одби да се ракува со тренерот Покетино
Dik 300x250 mk

ПСЖ, длабоко во судиското надополнување на времето, успеаја да го победата Лион со 2:1. Победата на „светците“ има ја обезбеди Мауро Икарди. ПСЖ, има шест победи во исто толку натпревари во Лига 1.

Натпреварот на „Паркот на принцовите“, ја обележа сцената од 75.минута, кога тренерот на ПСЖ, Маурицо Покетино, реши да го повлече од теренот Лионел Меси.

Аргентинецот очигледно беше незадоволен од одлуката на тренерот, не се поздрави со него кога излезе од игра.

„Решив да го заменам за да го заштитам од евентуална повреда. Пред нас се неколку важни натпревари. Сакав да го заштитам“, рекол Покетино.

Реакција од Меси нема, можеби бил нервозен што не успеа да постигна гол. Во првиот гол имаше две добри шанси, по акцијата со Нејмар, неговиот удар заврши крај голот, додека од слободен удар ја погоди гредата.

> Меси одби да се ракува со тренерот Покетино <

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето