Утрински Весник
Спорт

Јуве загубиле над 200 милиони за една година!

Јуве загубиле над 200 милиони за една година!

Бордот на Јувентус го одобри финансискиот извештај за 2020/21, кој ќе биде поднесен на одобрување на акционерите на 29 октомври, во кој се гледа дека клубот имал загуба од 209.9 милиони евра во една сезона, по што инсистираат дека проектот за Европската Суперлига останува „легитимен“.

„Бордот на директори го одобри консолидираниот финансиски извештај завршно за 30 јуни 2021, во кој имаме загуба од 209.9 милиони евра, која ќе биде покриена преку акциите“, се вели во објавата на клубот, каква што мораат да издадат сите италијански клубови.

Необично, тие во објавата ја споменаа и Суперлигата, која во април ја активираа Јувентус и 11 богати европски клубови, но кој колабираше за два дена и во кој сега остануваат само Јуве, Реал Мадрид и Барселона.

„На 19 април 2021, Јувентус го објавија договорот со 11 врвни европски клубови за креирање на Суперлигата, ново европско натпреварување, кое треба да биде алтернатива на УЕФА, но не и националните натпреварувања. Натпреварувањето ќе биде организирано од компанијата ЕСЛЦ. Засега не е можно со сигурност да се каже исходот и развојот на проектот, но легитимноста на нашата визија останува“, објаснуваат од Јувентус

> Јуве загубиле над 200 милиони за една година! <

Можете да прочитате

Нов медал за Македонија во Таранто: Боксерот Рустемовски со бронзен медал

МИ2026: Рустемовски со нокаут избори полуфинале

Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри