Утрински Весник
Спорт

Синот на легендарниот Кројф одбил да биде наследникот на Куман

Синот на легендарниот Кројф одбил да биде наследникот на Куман

Шпанските медиуми наголемо шпекулираат дека се ближи крајот на Роналд Куман во Барселона. Според овие извори, претседателот Џоан Лапорта бил незадоволен од дефанзивната тактика што ја постави Куман во поразот од Баерн (0:3).

Наводно, наредните три натпревари во Ла Лига и гостувањето во Лисабон кај Бенфика во Лигата на шампионите се клучни за иднината на Куман во клубот.

Шпанците тврдат дека Лапорта очајнички бара нов тренер. Му го понудил местото на Жорди Кројф, синот на клупската легенда, Јохан Кројф. Клупските челници биле изненадени кога тој ја одбил работата.

Синот на Кројф, 47-годишниот Жорди, работи како советник во клубот, а може да се пофали и дека има тренерско искуство.

Бил тренер на Макаби од Тел Авив, Чонггинг Лифан, Сенжен и селектор на Еквадор.

> Синот на легендарниот Кројф одбил да биде наследникот на Куман <

Можете да прочитате

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ