Утрински Весник
Спорт

Циндриќ мора на операција

Циндриќ мора на операција

Барселона со победа ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Барселона, слеваже на жешкиот терен во Фленсбург со 25:21.

Триумфот на Каталонците ја обележа повредата на Лука Циндриќ. Ек-ракометарот на Металург и Вардар, одира само 12 минути, теренот го напушти поради повреда.

„Штета, се повреди важен играч за нашиот тим“, рекол новиот тренер на Барселона, Карлос Ортега.

Циндриќ го повредил рамото. Клубот соопшти дека тој ќе мора да оди на операција и дека ќе отсуствува шест недели.

Хрватскиот репрезентативец е третиот играч на Барселона кој е надвор од тимот поради повреда. Почетокот на сезоната го пропуштија левиот бек Тимоти Нгесан и левото крило Аитор Арињо.

> Циндриќ мора на операција <

Можете да прочитате

Монтеро ќе го води Јувентус до крајот на сезоната

Бешикташ и Мурињо почнаа преговори

Познати двојките во првото квалификациско коло на Macedonian Open 2024