Утрински Весник
Македонија

Османи и Гервала потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората

Османи и Гервала потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гeрвала – Шварц денеска потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората.

Договорот се потпиша во рамки на заедничкатa седница на Владите на Македонија и Косово во Скопје. Со овој договор се овозможува размена на искуства и активности, имајќи го во предвид значајниот број граѓани од двете држави кои живеат во странство.

Денеска се потпишаа 11 договори и меморандуми за соработка, со кои постојниот број од 42 потпишани документи се зголеми на 53.

Можете да прочитате

Оделе по невестата, го запреле сообраќајот – МВР ги казни сватовите

Дивеел на едно тркало по Партизанска, немал ни возачка дозвола – заработи две кривични пријави

Дожд, магла и непристапен терен: Успешно спасени двајца странски планинари на Шар Планина