Утрински Весник
Македонија

Шаќири: Нулта толеранција за корупцијата

Шаќири: Нулта толеранција за корупцијата

Воспоставување на електронски систем за поднесување на електронски пријави и поплаки, поврзани со услугите кон јавната администрација, е еден од проектите во рамките на дигитализација на услугите на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и Владата, најави министерот Јетон Шаќири.

Со тоа, како што вели ќе се овозможи граѓаните во секое време да пријават проблем или поплака поврзани со јавна институција, како и да пријават проблем во постапка за добивање на определена услуга од јавната администрација.

„ Електронскиот систем за поднесување на електронски пријави, претставки и предлози ќе овозможи услови граѓаните и правните лица во секое време да пријават потенцијални сомнежи за корупција во конкретен орган на државна управа, но и да пријават проблем во постапка за добивање на определена услуга од овие органи. Освен примарните придобивки кои се однесуваат на директна интервенција за конкретни проблеми со јавните институции и услугите кои ги даваат кон граѓаните и правните лица, системот има за цел да ја поддржи стратегијата и процесот на понатамошно подобрување на јавната администрација преку трансформација на процесите и подобрување на институционалните капацитети“, изјави Шаќири.

Можете да прочитате

Излегол од домот во Кисела Вода и му се губи трагата – се бара Трајан

Комбе се запали во Кисела Вода

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари