Утрински Весник
Свет

Путин за самоизолацијата – ова е експеримент, ајде да видиме како функционира во пракса

Путин за самоизолацијата – ова е експеримент, ајде да видиме како функционира во пракса
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рускиот претседател Владимир Путин ја опиша самоизолацијата во која се наоѓа по целодневното изложување на контакти со лица што беа заразени од коронавирус како тест.

Ваквиот коментар Путин го даде за време на видеоконференција со членовите на владата и лидерите на владејачката партија Единствена Русија, пренесуваат медиумите.

„Неколку луѓе од мојот близок круг се разболеа, а еден од тие вработени е личност што работи во мојата непосредна близина“, рече Путин додавајќи дека разговарал со таа личност непосредно пред да се разболи.

„Разговарав со него цел ден претходно“, рече Путин.

Тој објасни дека лицето со кое контактирал исто така било вакцинирано, но дека нивото на антитела му опаднало по што повторно се вакцинирал и се разболел три дена по вакцинацијата.

Рускиот претседател, кој претходно тврдеше дека е целосно вакциниран со „спутник В“ , ја опиша својата сегашна ситуација како природен експеримент.

„Ајде да видиме како ќе работи ‘спутник В’ во пракса“, рече Путин додавајќи дека тестовите покажале оти неговите антитела се високи.

Можете да прочитате

Папата Лав XIV повика на божиќно примирје низ целиот свет

Воена делегација од Либија загина во авионска несреќа јужно од Анкара

Спречен терористички напад во Турција