Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во среда ќе се прска против комарци во Скопје

Во среда ќе се прска против комарци во Скопје
Img 7972

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 15.09.2021 година (среда) ќе почне авионска и терестрична дезинсекција против комарци на подрачјето на градот Скопје.

Авионското прскање против комарци ќе се врши на 15.09.2021 година (среда) и на 16.09.2021 година (четврток), во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција против комарци ќе се одвива од 15.09.2021 година (среда) до 19.09.2021 година (недела), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, велат од Град Скопје.

Истовремено ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Можете да прочитате

Засилени сообраќајни контроли: 21 лице лишено од слобода за безобзирно возење

Пронајдени седум лица мигранти, лишени од слобода двајца криумчари, следува соодветна пријава

Шукова: Владата мора да помага на сите општини без разлика кој е градоначалник и од која партија доаѓа