Утрински Весник
Спорт

Мурињо: Лажев дека натпреварот не ми е важен

Мурињо: Лажев дека натпреварот не ми е важен

Жозе Мурињо, синоќа, го обележа голем јубилеј, 1.000 пат во кариерата предводеше некој клун на фудбалскиот терен.

Јубилејот на Португалецот да има победнички вкус се погрижи, Стефан Ел Шарави, со голот во 91.минута, со кој Рома го победи Сасуоло со 2:1.

Мурињо емотивно го прослави победничкиот гол, трчаше по аут-линијата, како што тоа го направи пред повеќе од една деценија, кога со Порто одигра 1:1 на „Олд Трафорд, против Манчестер јунајтед.

„Сите ги лажев! Со денови на играчите им зборував дека 1.000 натпревар не ми значи ништо. Постоеше голе страв од пораз. За среќа победивме, а јас трчав како дете, бидејќи се чувствувам како да има 12, а не 58 години“, рекол Мурињо.

Победата над Сасуоло беше 639 во тренерксата кариера на Португалецот. Неговите тимот 198 пати ремизирале и доживеале 162 порази. Во кариерата, Мурињо, со Порто, Челси, Интер, Реа и Манчестер јунајтед, освоил 25 трофеи.

> Мурињо: Лажев дека натпреварот не ми е важен <

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига