Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Волонтерска акција на вработени во „Нептун Македонија“

Волонтерска акција на вработени во „Нептун Македонија“
Img 7972

Секој од нас може да направи промена, бидејќи волонтирањето и помагањето на другите е во сржта на секое човечко битие.

Водени од оваа мисла вработените од Нептун Македонија организираа акција во рамките на која помогнаа да се молериса една од куќите каде што се сместени младинците поддржани од СОС Детско село.

Во пријатна атмосфера и преубаво дружење младинците и вработените на Нептун Македонија ја потврдија мисијата – Ајде заедно да креираме подобро утре за сите деца!

Вредните волонтери од Нептун Македонија беа дочекани од младите домаќини со вкусен појадок како најава на еден убав ден исполнет со позитивна енергија на претек.

Со одлична дружба, забава и заедничка работа успеавме просторот да го разубавме и освежиме и заедно да им посакаме на младинците успешен старт на учебната година.

Активностите во рамките на стратешката соработка помеѓу Нептун Македонија СОС Детско село продолжуваат. Ајде да бидеме промената која сакаме да ја видиме во светот!

Можете да прочитате

Теохаров: Доколку не беше задолжително осигурувањето на автомобилите, ќе бевме сведоци на хаотична ситуација

Филипче од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ убедливо најмногу штета направи на земјоделството и земјоделците

Филипче до Димитриевски: Со подизведувачи на ДПМНЕ и предавници на социјадемократската идеја не дебатирам