Валтери Ботас победи на трката во спринт, која се возеше во Монца. Спринтот се претвори во катастрофа за Луис Хамилтон, кој поради лошиот старт од второто падна на петтото место и до крајот не успеа да го престигне Ландо Норис од Мекларен.
Вистински победник на спринтот е Макс Ферстапен. Возачот на Ред Бул, го освои второто место, доби плус и дополнителен поен за најбрзиот круг, со што ја зголеми предноста над Хамилтон во генералниот пласман на шест бода.
Третото место му припадна на Даниел Рикардо од Мекларен
Утрешната трка од пол-позицијата ќе ја започне Ферстапен, бидеќи Ботас го смени моторот и ќе стартува како последен. Втор на стартот ќе биде Рикардо, трет Норис, а четврти Хамилтон, што гарантира возбудлива трака.
Трката во Монца ќе се вози утре од 15 часот.
> Спринт трката за Ботас, Ферстапен најмногу профитираше <