Утрински Весник
Спорт

Мурињо пред својот 1.000 меч: Уште сум истиот!

Мурињо пред својот 1.000 меч: Уште сум истиот!

Жозе Мурињо викендов ќе го има својот 1.000 меч како тренер и посочува дека не се сменил во текот на годините и дека останува најважно да се „победи следниот меч“.

Португалецот, кој во минатото беше тренер на Порто, Челси, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Тотенхем, јубилејниот меч ќе го има на „Олимпико“ во Рим во недела, кога неговата Рома ќе го пречека Сасуоло.

„Деведесет илјади минути, плус дополнително време… Тоа е многу! Во мене ништо не е сменето, ниту како личност, ниту како тренер. Сите работи имаат чувство на ‘дежа ви’, како веќе да се случиле и ништо не ме изненадува. Вредноста е во искуството, капитал кој многумина го намалуваат, но во фудбалот и животот има огромно значење“, вели Мурињо во интервју за португалската новинска агенција „Луса“.

> Мурињо пред својот 1.000 меч: Уште сум истиот! <

Можете да прочитате

На Меси му е дијагностициран со мускулен замор

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп