Утрински Весник
Македонија

Ресенчанец застрелал колега-ловџија со пушка за која немал дозвола

Ресенчанец застрелал колега-ловџија со пушка за која немал дозвола

Жител на Ресен се сомничи дека сторил кривично дело-предизвикување општа опасност, незаконит лов и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Поради ова, полицијата од Ресен до Основно јавно обвинителство, поднела кривична пријава протвив Д.Ф (37) од Ресен.

Пријавениот, на 26.12.2020, со истрел од ловечка пушка му нанел повреди на главата, вратот и градниот кош на Х.Т., со кој биле заедно на лов на место викано „Честак“ во атарот на с.Лева Река, ресенско.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен, а по извршените проверки било утврдено дека ловечката пушка неовластено ја поседувал.

Исто така, по проверките било утврдено дека тој не е ниту член на Здружение на ловци и тој ден немал издадена никаква дозвола за лов.

Можете да прочитате

Конгрес на СДСМ: Се зголемува бројот на членови на ИО и ЦО

86годишна жена од Виница измамена од лажен лекар од Словенија за 30.000 евра

Обид за убиство во Струшко, едно лице тешко рането