Утрински Весник
Свет

(Видео) Затворена американска воена база поради пукање

(Видео) Затворена американска воена база поради пукање

Воздухопловната база „Рајт Патерсон“, недалеку од градот Дејтон во американската држава Охајо, беше затворена во текот на ноќта поради известување за инцидент.

Како што пренесуваат светските медиуми, во објектот имало „неовластена употреба на огнено оружје“.

Според достапните информации од американската армија, обезбедувањето извршило претрес во зградата, а екипите на брзата помош реагирале и на извештаите од Националниот разузнавачки центар за воздухопловство, пренесува АП.

„Сите наши воени и цивилни вработени се обучени за брза проценка на ситуацијата и преземање соодветни мерки“, се вели во кратката изјава на воздухопловната база на Твитер, додавајќи дека повеќе детали ќе бидат објавени кога ќе станат достапни.

Можете да прочитате

Гутереш: Мојата порака до Иран е да престане да ги напаѓа своите соседи

Лондон и Париз организираат состанок за безбедноста на Ормуска Теснина

Руски дрон удрил во електрана во Естонија