Утрински Весник
Магазин

Kралскотоto семејство се сеќава на војводата од Единбург во документарец на Би-би-си

Kралскотоto семејство се сеќава на војводата од Единбург во документарец на Би-би-си

Повеќе од десетина членови на кралското семејство ќе му оддадат почест на починатиот војвода од Единбург во документарен филм што ќе се емитува на „Би-би-си уан“ подоцна овој месец.

Четирите деца на кралицата и војводата ќе се појават во „Принцот Филип: кралското семејство се сеќава“, како и нивните возрасни внуци и други членови на семејството.

Програмата првично беше замислена да го одбележи 100. роденден на принцот Филип. Ќе вклучува интервјуа снимени и пред и по смртта на војводата во април на 99-годишна возраст.

Би-би-си најавува дека „членовите на семејството и кралскиот персонал ќе понудат лични мисли и сеќавања во историсккиот документарец“.

Програмата вклучува „потресни спомени, многу хумор и бројни свежи сознанија за ликот и наследството на овој кралски пионер“, пренесува британскиот јавен сервис.

„Со посебен пристап до приватната колекција филмови на кралицата, овој филм е портрет на човек со единствено место во кралската историја.“

Едночасовниот документарен филм ќе се емитува на 22 септември во 21:00 часот по средноевропско време.

Можете да прочитате

Нострадамус ја предвидел вештачката интелигенција? Пророштво старо 500 години повторно ја вознемири јавноста

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027