Утрински Весник
Свет

Меркел: Никој не се сомневаше дека се соочуваме со тешка борба

Меркел: Никој не се сомневаше дека се соочуваме со тешка борба
Dik 300x250 mk

Германската канцела Ангела Меркел изјави дека никој во нејзиниот конзервативен блок никогаш не се сомневал дека се соочуваат со тешка борба да ја задржат функцијата канцелар.

„ По 16 години, вие автоматски не се враќате на функцијата канцелар, а тоа им е јасно на сите во ЦДУ и ЦСУ“, рече германската канцеларка на прес-конференција, додавајќи дека очекува неизвесен изборен исход.

Меркел не се кандидира за петти мандат на изборите, а кандидатот на Конзервативната партија кој треба да ја наследи, Армин Лашет се бори со анкетите кои покажуваат дека води кандидатот на социјалдемократите, министерот за финансии Олаф Шолц.

Втората најмоќна фигура во владејачката „голема коалиција“, Шолц, се претставува како кандидат кој е во најдобра позиција да го продолжи курсот поставен од Меркел, кој се уште е многу популарен меѓу гласачите.

Одговарајќи на прашањето на новинарите што најмногу цени кај министерот Шолц, Меркел рече дека двајцата се согласуваат за нешто, а тоа е дека двајцата се држат до своите обврски. Во вторникот, Меркел апелираше до германските гласачи да го поддржат на изборите нејзиниот потенцијален наследник, Лашет.

Можете да прочитате

Евростат: Грците и Бугарите се сметаат за субјективно најсиромашни во ЕУ

Трамп ги суспендира трговските преговори со Канада поради реклама за царини

Најмалку 20 загинати во пожар во автобус во Индија