Утрински Весник
Македонија

Вчера се аплицирани 13.232 вакцини

Вчера се аплицирани 13.232 вакцини

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 750.893 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Прва доза вакцина вчера примиле 3.214 граѓани, а се вакцинирале вкупно 13.232 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.326.584 дози вакцини, а ревакцинирани се 589.573 граѓани.

Со последните бројки 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

„Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата“, потенцираат од здравство.

Можете да прочитате

Синдикатот предупредува со години, М-НАВ уверува – колку е навистина безбедно македонското небо?!

Агенцијата за супервизија на осигурување троши 7,5 милиони денари за возила на лизинг што не се во нејзина сопственост

Македонската полиција се ребрендира – МВР ги повикува сите заинтересирани компании да учествуваат на тендерот