Утрински Весник
Спорт

Надежите зедоа бод против Србите во Охрид – Денковски одбрани пенал

Надежите зедоа бод против Србите во Охрид – Денковски одбрани пенал

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година пред малку на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид одигра 0:0 против своите врсници од Србија во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2023 во Романија и Грузија.

Иако селекторот Драган Канатларовски пред мечот соопшти дека нашите надежи ќе атакуваат по сите три бода откако во првото коло бевме убедливо поразени од Франција на гости со 3-0, сепак се чини дека македонските фудбалери треба да се среќни со освоениот бод во Охрид.

Поседот на топката им припадна на гостите (61-39 %), а Србите имаа и повеќе упатени удари кон противничкиот гол 17-11 или во рамките на гол 6-3.

Најголемата опасност за македонскиот гол беше во 36. минута кога српскиот напаѓач Тедиќ промаши пенал, поуспешен од него беше голманот Денковски. Освен пеналот, нашата „единица“ во првиот дел одбрани уште најмалку 3 шанси на противникот, а го скроти и повторниот обид на Србија по одбранетиот пенал.

Сепак, Македонија во последните 10 минути можеше и да дојде до целиот плен. Трајковски и Елези беа непрецизни. Претходно, Фазлагиќ во 79. минута излезе сам против гостинскиот голман, но неговиот удар беше одбранет.

Во Х-групата, освен Македонија и Србија, кои имаат по еден бод по две одиграни кола, (и Србите загубија во прво коло) уште се и репрезентациите на Украина, Ерменија, Франција и Фарските Острови.

Изненадувачки, Фарските Острови се први на табелата со 4 бода од 3 кола.
Фото: ФФМ

> Надежите зедоа бод против Србите во Охрид – Денковски одбрани пенал <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина