Утрински Весник
Македонија

На државната прослава ќе може да присуствуваат граѓани кои се вакцинирани или прележале Ковид-19

На државната прослава ќе може да присуствуваат граѓани кои се вакцинирани или прележале Ковид-19
Dik 300x250 mk

Владата ги поканува граѓаните на да учествуваат на централната манифестација по повод јубилејот 30 години независност, 8 Септември – Денот на независноста, која ќе се одржи утре во 17 часот пред Собранието на Република Северна Македонија.

„Настанот е со ограничен број публика поради пандемијата и здравствените протоколи кои ни попречија многу моменти на заедничко прославување. Сите присутни треба да поседуваат вакцинален сертификат или потврда за прележаност на коронавирусот. За да овозможиме безбеден настан од здравствен аспект, за сите гости е предвидено место за седење со соодветно растојание, а движење за време на настанот не е препорачано, за да не се нарушат здравствените протоколи“, се наведува во владината информација.

Влез на настанот е овозможен само за граѓаните кои ќе се регистрираат на следниот линк.

Според протоколот, бројот на седишта е ограничен, а регистрацијата ќе биде затворена во моментот кога ќе се исполни бројот на слободни места. Регистрираните граѓани ќе добијат повратна логистичка информација околу позицијата на местото за седење и линк кој води до мапа на којашто е претставен влезот од кој се пристапува до местото за седење.

„Центарот на Скопје (голем ринг) ќе биде затворен за сообраќај поради што апелираме граѓаните кои ќе се регистрираат за присуство да пристигнат пред Собранието без моторни возила. Граѓаните треба да пристигнат пред Собранието на Република Северна Македонија најдоцна до 16:30 часот“, појаснуваат од владата.

Можете да прочитате

Се бара притвор за разбојник од Маџари

Заменик министерот на МВР: Нула толеранција за говор на омраза кон Албанците

Потврден притворот за Рустеми и Саити – обвинети за загрозување на животната средина со отпад