Утрински Весник
Македонија

Промовирана нова поштенска марка за 30 години независност на Македонија

Промовирана нова поштенска марка за 30 години независност на Македонија

Во „Пошта на Северна Македонија“ денеска беше промовирана нова поштенска марка за 30 години од независноста на Македонија.

Премиерот Зоран Заев рече дека е убеден дека оваа поштенска марка ќе биде најдобра промоција на нашата земја и ќе привлекува уште повеќе туристи.

„Верувам дека оваа поштенска марка, која го отсликува нашиот голем тридецениски јубилеј, ќе најде соодветно место во колекциите на филателистите и понатаму со патување во светот преку писмата, ќе биде најдобра промоција на нашата земја и ќе привлекува уште повеќе туристи кои ќе се заинтересираат да ги посетат нашата земја и народ. Оваа црвена пригодна поштенска марка ќе биде украс на писмата и понатаму ќе биде историски сведок на времето, кога граѓаните на тогашна Република Македонија донесоа историска одлука и глaсаа за независност и за суверенитет“, рече Заев.

Пригодната марка, додаде тој, која е промовирана денеска, ќе остане своевиден доказ за храбрата и одлучна верба на нашиот народ дека е способен да создаде и да живее во независна, просперитетна и перспективна држава.

Можете да прочитате

Поставена мерна станица во Трубарево која ќе биде во функција 24 часа

Левица сподели фотографија од сообраќајката а Сашо Јанчев – „Нашиот пратеник не возел над дозволеното и не бил пијан“

ИЈЗ: Во моментов нема ниту минимално отстапување од нормалните параметри за радиоактивност во воздухот