Утрински Весник
Политички Партии
300x250 opst2

СДСМ: Власта со успешните мерки го убеди антиваксерот Мицкоски да се вакцинира

СДСМ: Власта со успешните мерки го убеди антиваксерот Мицкоски да се вакцинира
300x250 opst2

Наместо да продава евтин популизам, Мицкоски да излезе пред граѓаните и јасно да ги повика на вакцинација и почитување на мерките, во интерес на нивното сопствено и колективно здравје, порачуваат од СДСМ.

„На почетокот на август на својата фејсбук-страница Мицкоски објави дека веќе бил вакциниран. Но, пред неколку дена, јавно на телевизија кажа дека се вакцинирал еден ден претходно. Затоа што бил ‘лимитиран’ и не можел да оди по кафеани“, се наведува во партиското соопштение.

Според СДСМ, прашањето е кога Мицкоски навистина се вакцинирал, на почетокот на август или во вторникот, на 31 август?

„Очигледно државата со мерките го убеди антиваксерот Мицкоски да се вакцинира. Ова крунско признание од лидерот на најголемата опозициска партија е доказ дека мерките на државата функционираат“, нагласуваат од валдејачката партија.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт