Утрински Весник
Македонија

Денеска сончево време, од утре се очекува дожд

Денеска сончево време, од утре се очекува дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, утрото свежо, а преку ден нешто потопло. Во крајните југоисточни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен и југозападен правец, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 Целзиусови степена. УВ=7

Во Скопје наутро свежо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 29 степени.

Под влијание на влажен бран од југ, в недела уште од раните утрински часови облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, а преку денот на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи. Понестабилно со пообилен дожд (локално над 15 л/м2 за кратко време) и грмежи ќе биде во јужните делови од земјава, каде температурата значително ќе се намали.

Локален дожд, претежно на запад, ќе има и в понеделник.

Можете да прочитате

Богоев и уште тројца добија 30 дена притвор

Пијан со пиштол се обидел да ограби локал во Тетово, полицијата експресно го уапси

Хуманоста спаси живот: Успешно пресадено срце кај пациент во Македонија