Утрински Весник
Македонија

Заев: Противуставно е државата да се нарекува Република С. Македонија

Заев: Противуставно е државата да се нарекува Република С. Македонија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Противуставно е користењето на кратенката С. Македонија, изјави премиерот, Зоран Заев, и додаде дека тоа е понижување за државата и непочитување на Уставот.

Тој апелира да се користи уставното има на државата, Република Северна Македонија, по сѐ почестата употреба на кратенката Република С. Македонија која во последно време се користи и од политичари.

„Прво, нашата држава се вика Република Северна Македонија, не е Република С. Македонија. Тоа е понижување кон државата и Уставот на државата, секако и Преспанскиот договор кој прерасна во Закон со ратификацијата во Собранието, а кај нас тоа е преточено и во Устав. Јас можам да разберам дека некој не се согласува со вакцините и слично, но сите се согласуваме со демократијата. Демократијата вели тоа е новиот Устав кој што е изгласан со двотретинско мнозинство заради идните перспективи на децата, на младите, на нашите интеграции во НАТО и во ЕУ“, рече премиерот Заев.

За него односот кон уставното име на државата кажува каков е всушност секој поединец.

„Граѓаните тоа го ценат, граѓаните знаат дека сите треба принципиелно, уставно и законски да се однесуваме и останува на сите поединечно, пред сѐ на политички субјекти, кои се лош пример за ова, да го променат тоа во иднина. Тоа е нашата реалност, тоа е тоа беше едно бреме кое 27-28 години надвиснуваше, над нашата земја, ги кочеше идните перспективи на сите наши граѓани“, рече премиерот Заев.

Посебно нагласи дека почитување на Уставот и законите е обврска на политичките субјекти како пример за сите останати граѓани.

Можете да прочитате

Како за 24 часа градот стана 7-ми најзагаден во светот?

Семејствата од Кочани со потресна порака до Швајцарија: „Ја носиме истата рана“

Министерството за здравство подготвено да обезбеди медицинска помош за повредените од пожарот во Кран-Монтана