Утрински Весник
Македонија

Пронајдени 100.000 швајцарски франци во автобус на Деве Баир, возачот ги криел во џеб

Пронајдени 100.000 швајцарски франци во автобус на Деве Баир, возачот ги криел во џеб

При контрола на автобус пријавен за излез на ГП Деве Баир, царинските инспектори пронајдоа 100.000 швајцарски франци.

Според информациите на Царинската урава, на ГП Деве Баир за излез се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки на превозникот Експрес Туризам од Гостивар, управувано од лицето Х.О државјанин на Р.Турција, кој сообраќа на редовна линија Гостивар – Истанбул.

При извршена детална контрола и личен претрес на возачот во внатрешниот џеб на панталоните му биле пронајдени непријавени две пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале 100.000 швајцарски франци.

Парите се одземени, а против пријавеното лице ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка до Основниод суд во Крива Паланка

Можете да прочитате

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ОЈО и МВР ја потврдија акцијата во Куманово: Се вршат претреси на повеќе локации

ДОМ: Кога реформите се само декор, цената ја плаќаат граѓаните!